Мургашанска: Учениците до скоро следеа настава во училници под вода, а не се во функција поради опасност од струен удар

Од:

„Изминатиов период имавме денови со обилни дождови, кои за земјоделците можеби се значајни, но не и за учениците од централниот објект на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, рече Атина Мургашанска- носителка на советничка листа од СДСМ и коалицијата во Куманово.

„Постојано ги слушаме владините проекти и реконструкции на училиштата од страна на градоначалникот Димитриевски и пак во прво лице еднина, а ниту еднаш не слушнавме дека изминатите денови во горенаведените училишта кровната конструкција протекува во повеќе училници, за што постојат фотографии, а сведоци се и самите ученици и вработени. Учениците до скоро следеа настава во мокри училници, а веќе истите и не се во функција поради опасност од струен удар. Во просториите има електрична инсталација, компјутерска опрема, телевизори, смарт табли и други помагала кои сигурно во такви услови повеќе и не се функционални.

Што треба да се случи, за да се реагира од страна на градоначалникот Димитриевски? Тоа е прашањето на кое треба да одговори. Она со што се справуваат учениците и вработените од општинските основни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ е приоритетен проблем кој бара итно постапување“, изјави Атина Мургашанска- носителка на советничка листа од СДСМ и коалицијата во Куманово.

Би можело да ве интересира

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

Повеќекратно убиство во кумановско: Два сина и мајка застрелани од нејзиниот брат

Орце Костов