Муниција и дрога пронајдени во дом на скопјанец

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 и „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Обвинителството, осомничениот 25-годишен скопјанец, во неговиот дом во Ѓорче Петров неовластено заради продажба држел опојна дрога – марихуана со вкупна нето маса од 129,51 грама.

При претресот на неговиот дом била пронајдена и една дигитална вага, како и остатоци од амфетамин и кокаин. Овластените полициски службеници пронашле и одзеле и 15 куршуми кои се изведени со оловен проектил со калибар 22LR, како и еден куршум со калибар 7,65 милиметри.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и на можност осомничениот да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и предлог за определување мерка притвор, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва