Мудологија (коментар на коментар)

Од:

Обично ми забележуваат на употребата на говорниот јазик во колумните но не поради стилот, туку поради (тие ѓоа културни) употребата на чести вулгаризми. Едно е да бидеш прост, а друго да бидеш неваспитан. Јас не сум ни прост, ни неваспитан а најмалку глуп!

Можеби малку изреволтиран. Затоа, чисто поради автентичноста на стилот кој доаѓа од чаирските сокаци ке си продолжам во тој автентичен стил. Однапред молам за разбирање.

По мојата колумна „На Запад Трт Милојко“, ме фрапираа некои коментари кои ме натераа да го напишам следново. Не сакам ни да дискутирам за тоа дека пишувам текстови кои ќе ме пенетрираат главечки напред во задникот на власта! Ма дај! Forget it! Што имам јас со власта.

Арно ама, замислете кога во Македонија не би имало луѓе кои не смеат да се надевааат дека ке биде подобро. Која е во тој случај суштината на живеење во една држава. Е, ај да се иселиме сите де! Јас не реков дека нема место за никого на Запад, туку дека не е веќе како што било никогаш и дека и таму е криза. Нејсе, ме изненадува податокот кој вели дека еден Македонец кој треба да биде горд на својата земја па макар таа била и „биафра“, треба да се гордее со тоа дека бугарскиот пасош му спасува глава некаде таму далеку.

Браос бе друже! Ти си Бугарин или Македонец. Испаѓа дека јас (Албанец) сум поголем Македонец од тебе ако велам дека ова е државата во која треба да си ја бараме и градиме иднината. Мрш бре!!!

Потоа, не ти се свиѓала власта. Па, ебати младоста која не е бунтовна и која сака да најде чаре во бегство! Јас тоа и на мојот роден син му го кажувам. Стори нешто. Ако сметаш дека си „ташак“ со мозак и способности, покажи ги тука, најди истомисленици, мењај власт, создади интелектуална сила која ќе донесе подобро утре. Каде е во тебе борбата за боље. Во бугарскиот пасош? (Респект и чест на бугарскиот пасош) Кретен!

Велат, пацовите први го напуштаат бродот. Јас сум бил на сите континенти (освен на Арктик и Антарктик) ама не сум пацов. Јадам бурек од кога знам за себе дека треба и може да биде подобро, ама кому јас зборувам. На сите оние кои од една страна велат „кој клинац има ти ко Албанец да се секираш за Македонија“, а од друга страна како големи Македонци бугаскиот пасош под јастук го гледаат како Ноева Арка за да се втиснат некаде у три лепе и од таму да мрчат дека се големи патриоти и големомакедонци? Секако додека го пишувам овој текст се срамам од многу мои блиски пријатели Македонци за кои знам дека размислуваат исто како мене и не се предаваат дека борбата за убава Македонија не е завршена.

Ама, од мудолози кои се среќни што на Запад или некаде преку океаните лево или десно на атласот градат некому туѓо општество и виткаат кичма пред некој трет, да ти пукне онакво. Способен си? Паметен си? Ташаклија си? Ти смета Грујо, Бранко, Али, Мендух, Ѕинго? Покажи се бе! Победи ги! Земјата е твоја, изгради општество по твој мерак. Бори се. Извојувај победа на твое, а не на туѓо тло. А, што е тоа победа? Тоа што ке бидеш среќен што на Запад ќе можеш да купиш пар кондури без да калкулираш до први? Толку ти е фитиљот? Можеш таму да бидеш претседател на држава? Можеш таму да бидеш дома? Само дома е дома алоооооо…!!!!

И пак некој ќе ми рече дека ја овде продавам муда за бубрези. Не! Јас само сакам да ги потсетам младите на можноста која и Бог и законот им ја дал а не ја користат. Тоа е правото да се бориш да ги менуваш нештата а не да изиграваш Ној и да ја буткаш главата во песок и тоа во нечија туѓа бавча во која десет следни генерации ке ти бидат жигосани како дојденец, јабанџија, доселеник, како се само не како автохтон Германец, Швајцарец, Белгијанец, кенгур или Јенки!

Ти сметале политичарите? Не ти давале да дишеш? Мењај бе! Како? Па, млад, образован, јак интелектуално, начитано, спремно, па, покажи интелектуални вредности и влези во политикаа! Не ти дават! Не? Тоа не значи дека тие се толку јаки, туку дека ти си слаб да ги смениш! Е, тогаш, ќути и не јади бурек. Не е во власта проблемот туку во твојата слабост да мењаш. Не сери по ќошиња извикувајки „пу, лоповиии, мме власт“, туку фати ги лоповите. Не Грујо, не Мујо, ни Св. Асан не ти може ништо ако покажеш јакост. Ама, ти си паразит!!

Не ти се работи, сакаш на готово господин да бидеш, а и самиот знаеш дека за да бидеш тоа што сакаш треба да го одработиш, да се трудиш, да се бориш. И..? Гитла на Запад и биди среќен што со стандардот на средната класа на Запад си овде некој ташаклија со купено „second hand“ БМВ, а во земја која ти си ја напуштил и оставил на некој Бранко, Некој Грујо, Петко, Асан, Масан… И тие ти се виновни што ти си неспособен како млад својата сопствена земја да си ја направиш Швајцарија, Германија, Норвешка. Оваа земја секогаш ке си остане Македонија, ама ти еден ден ќе сватиш дека си ни таму ни ваму, ќе останеш вечен критичар на сопствениот темел врз кој си имал а не си ја искористил можноста да си изградиш куќа каква што сакаш.

Преку такво ми е од мудолози! Преку такво ми е од сите што мене од друга страна ке ме наречат лижач на газот на власта! Ма немој!!! Еве предизвик! Ајде, сите вие што мислите дека поради власта сте побегнале, направете „Dream Team“ од паметњаковичи и преземете ја власта. Па, ваша е државата. Ајде бујрум назад, па речете „Гит бе Грујо“, „марш бе Бранко“, „ќути бе Али“, „не мудруј бе Мендух“, „ај у пензија Ѕинго“… Ама, или немате капацитет, или некој не ве потсетил дека овие сите овдека барем се борат, па што прават прават, толкав им е капацитетот. А, на власт се затоа што немаат кој да им парира, да ги менува, наместо нив да се бори и гради нешто, па макар банана држава. Затоа што измеѓу трновитата аскетска борба за држава која официјално брои тек дваесет години или да се чистат туѓи гомна некаде за среднокласна плата ти го избра чистењето (парафразирам, де)!

П.С. Една држава е онолку е јака онолку колку што ја чувствуваш за своја татковина, а сходно на тоа ја градиш и се бориш за промени. Не постои неисплатлив влог во труд за промени во секојдневјето, па макар тој навидум и во еден актуелен момент е невидлив и делува како потрошено време. Градењето држава е процес, а тој процес бара лавови, орли, борци. Ама не лавови и орли истетовирани на рамо за да се покаже пред некого колку срцето ти се кине за некоја земја таму на југ, туку лавови и орли во срцето. Можеби јас сум тупатор, можеби сум мајмун, ама сум тука, јадам говна по колумни дека треба да се бориме сите заедно, а кога велам сите заедно, исто како што сите вие на запад се дружите меѓу себе и се праите пацифисти, па, дојдете си назад и правете се пацифисти!!!

Токму тоа и ке ја однесе Македонија напред и ќе си го добиете ДОМА она што надвор го барате. Еве, ајде вратете се назад и инсталирајте ја Швајцарија или Германија – дома! А не да функционирате по системот „хвали море, др‘ж се копна“. Срамота! Ама толку ви држи Г‘с! Немате ни воља ни капацитет.

ЗАБЕЛЕШКА ЗА КРАЈ. Едно е чесен гурбетчија, друго е мудолог! Колумнава се однесува само на оние кои себе си се пронашле во мудологијата и лузерското критизерство, а не во чесното гурбетчиство и достоинствен молк. Барам прошка од стотици, илјадници гурбетчии кои чесно си работат по светот и си ја гледаат сопствената работа, семејство и живот. А, тука, дома,.. еден ден… „биче боље“… и сигурен сум дека многу ластовици ќе си се вратат под стреата на својот дом,.. има место за многу гнезда… а… мудолозите (по чаирски)… „што ги…“!

Агим Јонуз / [email protected]

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска