Муцунски: Во Њујорк ги користиме можностите за афирмација на нашите позиции

Од:

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој ја придружува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на работната посета на Њујорк, изјави дека покрај тековните активности во ОН престојот во голема мера го посветил и на европските интеграции и на регионалната соработка.

– Имав билатерална средба со министерот за надворешни работи на Кипар, земја која што од јануари ќе го преземе претседавањето со ЕУ. Зборувавме за потребата од засилена координација по тоа што е наш интерес односно конечно отпочнување на процесот на преговори со ЕУ, а исто така и за билатералната соработка, потенцијалите што ги имаме во туризмот, во трговијата, во политичката соработка, изјави Муцунски по вчерашните средби во Њујорк.

Како што јави известувачот на МИА, тој учествуваше и на повеќе настани поврзани со неколку регионални иницијативи, на појадокот организиран од министерот за надворешни работи на Италија, Тајани, како и на ручекот организиран од Регионалниот совет за соработка.

– Пред се, ги користиме можностите за афирмација на нашите позиции, за ширење на тоа што за нас е значајно како политичка порака во Њујорк, истакна министерот Муцунски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ОН пред историски преседан: Гутереш си заминува, а големите сили не можат да се договорат за наследник

Муцунски: Герапетритис јавно кажа дека имаме сериозен напредок на патот кон полноправно членство во ЕУ

А1он

Средба Тимчо Муцунски-Анита Орбан: Потребен е кредибилитет во проширувањето, како важен поттик за реформите и стабилноста на регионот

Левица: Македонија единствена европска земја против хуманитарна помош за Палестинците – ДПМНЕ ја влече државата кон талогот на цивилизацијата

Муцунски за „Ива Михајлова“: Непристојно е земја членка на ЕУ да станува прибежиште за осудени лица

Бланар: Словачка е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон Европската Унија