Му ја запалиле влезната врата од куќата

Од:

Вчера околу 08.10 часот во СВР-Битола, З.П. (31) од Битола на ул.„Мирче Ацев“, пријавил дека претходната ноќ непознат сторител ја опожарил влезната врата на неговата куќата, соопштуваат од МВР.

Пироманот најверојатно на бетонот пред влезната врата истурил и запалил непозната запалива течност, при што предизвикал зачадување на лимот од долниот дел од вратата, а потоа оганот се проширил и го зачадил и погорниот дел од вратата. Потоа пламенот самиот се изгаснал, предизвикувајќи незначителна штета. Пријавителот настанот го забележал на 31.03.2017 година околу 07,10 часот. Увид бил извршен од страна на ОКТУПА при СВР Битола и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот