МТВ ќе се гледа во Бугарија

Од:

Македонската телевизија за неколку денови ќе почне да се гледа на територијата на Бугарија. Договорот за бесплатно емитување и правото за реемитување го потпишаа директорот на МРТ Марјан Цветковски и претседателот на Бугарската асоцијација за кабелски и комуникациски оператори Димитар Радев.

Претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Зоре Темелковски, кој беше главен иницијатор за реализирање на идејата за реемитување на програмата на МТВ и БНТ, изрази задоволство што проектот се реализирал за релативно краток период.

– Особено ми е драго што граѓаните од двете земји ќе можат да ги следат програмите на националните телевизии, додавајќи дека тоа е од исклучителна важност во градењето позитивна клима меѓу двата соседа и во јакнење на меѓусебната доверба, рече Темелковски кој беше придружуван од претседателот на надзорниот одбор на МБСК Кирил Пендев.

Цветковски и Радев констатираа дека овој чин е од исклучителна важност за добрососедски меѓудржавни односи.

Претседателот на Агенцијата за медиуми на Бугарија Ѓорѓи Лозанов рече дека двете национални телевизии покажале дека се чекор напред во однос на јакењето на релациите меѓу двата народа.

Бугарската национална телевизија (БНТ) од декември минатата година почна да се реемитува на територијата на Македонија преку домашните кабелски оператори.

Македонско-бугарската стопанска комора во Софија беше и коорганизатор на Бугарско-македонскиот бизнис форум на кој учествуваа речиси 100 компании од двете земји.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Македонија нема да има претставник на Евросонг во Малме

A1on

Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар и поранешен директор на МТВ

Ландов

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Ана Ололовска

Мирис на мртви мачки и расипани тоалети, МРТВ како Чернобил

Наум Локоски

ВИДЕО: Поплава во МТВ

Ана Ололовска