МТВ ќе го казни вработениот што згрешил објавувајќи владини реклами

Од:

МТВ ќе го казни вработениот што ја направил грешката со објавувањето на владини реклами, излави Диме Ратајкоски, главен и одговорен уредник на Првиот програмски сервис на Македонската телевизија. Тој за „Мета“ вели дека по добиените насоки од Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги на 2 септември 2016 година, МТВ ги отстранила сите реклами финансирани од Влада на Република Македонија.

Прва одлука на ад хок телото за медиуми беше казна за МРТ поради емитување владини реклами

Ратајковаки вели дека се работи за емитување на две владини реклами, „Македонија вработува“ и „Истражи ја Македонија“, емитувани пред третиот телевизиски дневник на 4 септември 2016 година.

„Станува збор за грешка од небрежност и покрај писмената и усна наредба дадена во режија. Водичот на програма, на своја рака, од незнаење и неиформираност од колегите, ненамерно (според изјавите на водичот на програма), го има сторено прекршокот. Во согласност со актите за дисциплински мерки во МРТ, сите вработени што ќе направат каков било прекршок, ќе бидат соодветно санкционирани. Напоменуваме дека по известувањето на Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги, МРТ ги отстрани сите владини реклами, а во меѓувреме направивме уште една проверка на сите програмски и рекламни форшпани за да не се случи истата грешка“, изјави Ратајкоски за Мета.

Според политичкиот договор на четирите партии, до завршување на изборниот процес одговорен уредник на информативното издание на МТВ е Санта Аргирова. Нејзината надлежност е во правилно и етичко известување во информативните емисии, а Диме Ратајкоски, е главен и одговорен уредник на Првиот програмски сервис на Македонската телевизија, што подразбира дека е надлежен и за другите содржни, како и за рекламите.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Македонија нема да има претставник на Евросонг во Малме

Орце Костов

Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар и поранешен директор на МТВ

Ландов

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Ана Ололовска

Мирис на мртви мачки и расипани тоалети, МРТВ како Чернобил

Наум Локоски

ВИДЕО: Поплава во МТВ

Ана Ололовска