На прашање на „Макфакс“ дали се точни наводите изнесени во јавноста дека доцни исплатата на социјалната помош, од Министерството за труд и социјална политика велат дека информацијата е точна.
Причината поради која се донцело до исплата на надоместоците е, како што објави Министерството, поради законска обврска за усвојување Програма од социјалната и детска заштита, врз основа на што се врши исплатата на средства. Од Министерството тврдат дека исплатата на социјалните надоместоци започнала.
Од Министерството велат: „Причините поради кои до сега не е извршена исплата на паричните надоместоци од областа на социјалната заштита се поради законската обврска секоја нова календарска година од страна на Владата на Република Македонија да се усвојува Програма од социјална и детска заштита, врз основа на која во тековната година се врши исплата на правата. Програмата вчера е усвоена, така што исплатата на правата од областа на социјалната заштита започна“.
В. М.