„Во своето денешно обраќање во Собранието на Република Македонија, претседателот Иванов изјави дека постојат одредени ризици со ратификација на Истанбулската конвенција.
Иванов е очигледно неинформиран дека Истанбулската конвенција во основа се бори против дискриминацијата и дека со ратификација на Конвенцијата, Владата се обврзува да го подобрува системот на превенција, помош, заштита и процесирање на случаите на насилство врз жените, вклучително и семејното насилство, без дискриминација врз кој било основ: пол, род, раса, боја, јазик, вера, политичко или друго мислење“ се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.