МТСП: Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова дрско ги злоупотребува децата од СОС Детско село во предизборна кампања

Од:

Министерството за труд и социјална политика најостро реагира на дрската злоупотреба на децата и младинците без родители и родителска грижа во СОС Детско село од страна на кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова. Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ денеска подготвуваше оброци за децата од СОС Детско село, малипулирајќи ја јавноста дека се загрозени и дека им е неоходна храната.

Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека СОС Детско село е приватна установа којашто згрижува деца без родители и родителска грижа врз основа на Управен договор склучен со државата, а трошокот за секое дете на месечно ниво го покрива надлежниот Центар за социјални работи и истиот изнесува 18.000 денари.

“Освен користењето на месечниот надоместок, според договорот  ПУ СОС-Детско село, има обврска децата да ги згрижува на начин кој е во најдобар нивен интерес,  да им обезбеди, исхрана, облека, нега, грижа и воспитание до нивно враќање во семејството, односно до оспособување за самостоен живот и работа. Установата е должна на децата и младинците да им обезбеди посетување на основно и средно образование во соодветна установа, организирање стручна помош за успешно совладување на воспитно-образовните програми, да организира различни облици на работа и живот, како и да се грижи за нивното здравје.

Република Северна Македонија ја има ратификувано Конвенција за правата на детето.

Согласно членот 36 од Конвенцијата државите кои ја имаат ратификувано оваа Конвенција се должни да ги штитат децата од сите форми на искористување штетни за доброто на децата. Злупотребата  на децата кои се без родителска грижа и се под заштита на државата за партиски интереси претставува најгрубо кршење на детските права и е во спротивност на најдобриот интерес на детето загарантиран со  Конвенцијата.”, се објаснува во реакцијата на Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски се сомнева како мнозинството граѓани дека пожарите свесно се подметнуваат пред избори, има сеопфатен акциски план за чисто и здраво Скопје

А1он

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Честитка од Трамп до Сиљановска Давкова за Денот на независноста

Предраг Петровиќ

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата