МРТ: Не добивме дозвола од организаторот да го емитуваме во целост говорот на Блер

Од:

Македонската Радио телевизија реагира на изјавите од Демократскиот сојуз, за прекинот на говорот на поранешниот британски премиер Тони Блер, одржан во рамките на Балканскиот Мировен Фестивал во организација на Сахара Групацијата, а емитуван како дел од директниот пренос на МРТ Собранискиот Канал.

„Јавниот Сервис не ја доби дозволата од Организаторот на Фестивалот да го емитува во целост излагањето на г-динот Блер. Организаторите на МРТ единствено и дозволија воведно триминутно емитување од говорот на г-динот Блер, при што МРТ постапи во правец на договореното со Организаторот, во спротивно казните ќе беа високи за Јавниот Сервис. Истиот третман го имаа и останатите македонски медиуми. На сите им беше наложено да го почитуваме барањето од кабинетот на Тони Блер. Македонската телевизија само вршеше директен пренос од настанот, а не беше организатор на истиот“, се вели во реакцијата од МРТ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Македонија нема да има претставник на Евросонг во Малме

A1on

Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар и поранешен директор на МТВ

Ландов

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Ана Ололовска

Мирис на мртви мачки и расипани тоалети, МРТВ како Чернобил

Наум Локоски

ВИДЕО: Поплава во МТВ

Ана Ололовска