МПС повикува МВР да не се вмешува во дневно политички настани

Од:

Македонскиот полициски синдикат (МПС) ги повикува сите раководни структури во МВР на сериозност и професионалност и невмешување на Министерството во дневно политички настани, а вработените ги охрабрува секој притисок и закани по било кој основ да го пријавуваат кај нив со цел навремено постапување и преземање мерки за заштита на нивните права.

“Како синдикат секогаш ќе бидеме на страната на полициските службеници кои чесно и професионално ги извршуваат своите работни задачи, па затоа би сакале да апелираме до сите вработени во МВР да останат имуни на влијанијата од дневно-политички карактер и да бидат доследни на целосно операционализирање на законитоста и законите, како алфа и омега на полициското работење”, велат од МПС.

Акцентирањето на овој сегмент, додаваат, е особено важно периодов, бидејќи претставува основата за спроведување на фер, слободни и демократски избори, што е главна цел заради што во моментов е формирана и работи техничката Влада.

“Потсетуваме дека важечки правен акт донесен во законска процедура од страна на Владата, како што е Одлуката на Владата на РСМ бр.44-1358/1 од 09.02.2020, објавена во „Службен весник на РСМ“ бр.30/2020 од 09.02.2020 година, не смее да не биде почитуван.

Впрочем, и согласно Полицискиот кодекс, припадникот на полицијата, без да стравува од санкции мора да се воздржи од извршување на незаконски наредби кои претставуваат извршување на кривично дело.

Сите незадоволни страни, пак, можат да поведат постапка согласно законските процедури пред институциите и ние, како синдикат, им стоиме на располагање”, порачуваат од МПС.

Време е, порачуваат, заеднички да застанеме во заштита на угледот на вработените во Министерството за внатрешни работи и самото Министерство и на тој начин да придонесеме граѓаните да ја прифатат полицијата како сервис на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он