МПЦ: За Велигден може на литургија и причест со маски или шал

Од:

Верските храмови за претстојните велигденски празници им даваат упатства на верниците на кој начин и кога ќе може да ги посетат и да ја извршат светата велигденска причест. На известувањата стои дека според препораките на Светската здравствена организација и владините мерки за справување на ширењето на заразата на коронавирусот, литургиите во деновите кога не е полициски час, храмовите ќе бидат отворени и ќе се одржи литургија во дворовите на храмовите.

Со оглед на тоа што полицискиот час ќе трае до вторник, кога се празнува третиот ден од Велигден, верниците што ќе сакаат да се причестат ќе може тоа да го сторат до 16 часот, но без целување и блиски контакти. Според отец Бобан, гласноговорник на МПЦ, храмовите се отворени кога нема полициски час исто како и маркетите и аптеките и верниците може да ги посетат на ист начин, односно ако ги почитуваат препораките за заштита.

„Возљубени членови на црковната заедница при храмот „’Свети Николај Чудотворец’ (кои ги посетувате богослуженијата во овој свет храм), примете го овој распоред како информација дека во нашиот храм, како и досега откога траат мерките за превенција на пандемијата, ќе се служат богослуженијата поврзани со Пасха (Велигден). Тоа значи дека, како и досега откога се воспоставени одредбите за превенција на пандемијата, ќе се служи во согласност со послушанието зададено од Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, кое е во насока на поддршка на сеопштиот напор за сузбивање на оваа болест: без присуство на многуброен верен народ. Секако, во деновите, како Величетврток и Велипеток, храмот ќе биде отворен до 15.30 часот (во согласност со временскиот период до полицискиот час) за поклонение. На службите нема да е можно присуство, а поклонението ќе се врши по богослужбата, со запазен ред. Истовремено, службите ќе се емитуваат и на разгласот на храмот, преку кој звучно го покриваме целиот парк околу храмот. Во деновите кога е објавен општ/целодневен полициски час, богослужбите ќе бидат вршени од свештениците и певницата во храмот во согласност со добиените дозволи, а тој нема да биде отворен. Причест ќе може да земат сите што ќе дојдат во храмот на второтиот и третиот ден на Велигден по завршувањето на богослужението, односно од 9 до 10 часот (не се благословува присуство на литургијата). Во овој период причестувањето ќе се извршува со поединечно пристапување поради запазување на предвидените мерки“, објави оотец Бобан на фејсбук- страницата на храмот „Св. Никола Чудотворец“ во Аеродром.

Минатата недела двете најголеми верски заедници кај нас, МПЦ и ИВЗ, кренаа прашина во врска со барањето владина финансиска поддршка додека траат мерките за справување со епидемијата на коронавирусот.

Исто така, на 17 март митрополитот Петар изјави дека храмовите се најголеми болници и православната вера не дозволува затворање на храмовите. По оваа изјава, МПЦ неколкупати уверуваше дека ќе се почитуваат мерките и препораките на Владата.

Католичките верници празнувањето на Велигден го направија со празни храмови. Обраќањето на папата Франциско до верниците на плоштадот „Свети Петар“ се замени со онлајн-обраќања за време на кои папата читаше пред камери во изолација од својата приватна библиотека.

Папата на Велипеток водеше поворка со факли на темниот и празен плоштад во Ватикан. Влезот во Ватикан го штитеше вооружена полиција опремена со заштитни маски и гумени раквици.

Верниците од католичката вероисповед во целиот свет празникот го одбележауваат дома затоа што владите издадоа забрана за посета на верските храмови, а во некои од земјите беше издадена и забрана за посета на фамилиите.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена