МПЦ и ИВЗ си тераат по свое, за владиката Петар храмовите биле најголеми болници

Од:

Најголемите болници за лекување на болните се црквите и ние нема да ги затвориме но повикуваме верниците да се придржуваат до правилата и препораките на Владата во однос на состојбата со заразата од коронавирусот, изјави за А1 он Метрополитот Петар. Според него Македонската православна црква и православната вера не дозволуваат затворање на храмовите и ниту еден верник нема да биде вратен од литургија или пак ако сака да добие услуга од црквата а свештениците ќе ги посетуваат домовите доколку некој ги повика. Овој став го дели и Исламската верска заедница а според Агрон Војника од ИВЗ, поголема паника меќу верниците ќе има доколку џамиите бидат затворени.

„Ние не можеме да ги бркаме верниците ниту да ги затвориме црквите. Ова се светите правила на православната вера и од тоа нема да отстапиме. Сепак повикуваме верниците да ги почитуваат правилата и препораките на владата и да ја одржуваат хигиената, тие кои имаат некакви симптоми да останат во самоизолација а лицата постари од 65 години исто така да внимаваат“, вели Метрополитот Петар.

Крштевките и венчавките ги откажауваат самите граѓани, поради како што вели Метрополитот Петар не можат да прославуваат во ресторани но од страна на МПЦ тие не ги одбиваат доколку некој сака да ги изврши овие обреди во храмовите.

„Самите верници одлучуваат за услугите што сакаат или не сакаат да ги изврши МПЦ. Ние сме на располагање на верниците и ќе ја почитуваме нивната одлука. Остануваат редовните литургии во храмовите и сите други верски обреди според вољата на верниците, вели Метрополитот Петар.

ИВЗ ги почитува препораките и мерките за заштита и апелира до верниците да се придржуваат до правилата но петочните молитви остануваат отворени.

„Ние апелираме до верниците секојдневните молитви да ги обавуваат дома и да ги почитуваат правилата за заштита од коронавирустот. Џамиите редовно се дезинфицираат и пред и по завршување на молитвите. Се забалежува намален број на посета на џамиите но петочните молитви секако ќе се одржуваат и натаму. Во овој момемнт сметаме дека затворањето на џамиите ќе доведе до поголема паника меќу верниците. Сеапак ја следиме состојбата и доколку е потребно ќе заседаваме за нови одлуки, вели Војника.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква– Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) како што дознаваме денеска повторно ќе заседава околу новонастанатата состојба односно по секодневното радикализирање на мерките за заптита од страна на владата. ИВЗ исто така денеска ќе заседава околу новите мерки на заедницата под ова прашање.

Во последното соопштение од 12 март Синодот ги разгледа и прашањата и дилемите поврзани со масовното ширење на корона вирусот Covid-19 и прогласената пандемија, по што упати до верниот народ да ги почитува мерките пропишани од страна на надлежното ресорно министерство за здравство како и на Светската здравствена организација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кафеаните ги отворија вратите за гостите: келнерите со маски, редари се грижат за протоколите

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ манипулира со бројките за смртност од коронавирусот

А1он

Над 130 лица во Штип ставени во изолација по контактите со заразените текстилни работнички

А1он

Во локалите во Делчево угостителите ги почитуваат мерките на Министерството за здравство

А1он

Откако почна корона кризата, вкупно 723 лица го прекршиле полицискиот час во Скопје

А1он

Шекеринска им се заблагодари на војниците за придонесот во борбата со Ковид-19

А1он