А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Можно редуцирање на приносите жито поради врнежите

by А1он19/06/2014 - 15:42104
Share0

Врнежите што ја зафатија Македонија секојдневно го намалуваат квалитетот на житните култури, посебно јачменот. Тоа ќе ги редуцира приносите, но производителите, сепак, очекуваат добра жетва.

Добивај вести на вибер

Дали влијанието на временските услови ќе се одрази врз цената на крајниот производ, велат, е рано да се каже. Не може да се прогнозира ниту колку жито ќе треба да увеземе годинава.

– Годинава очекуваме една од подобрите жетви. Доколку временските услови се подобрат треба да биде и надпросечна. Во спротивно, ако врнежите продолжат, ќе се намалат приносите и квалитетот што веќе се забележува, изјави денеска Огнен Оровчанец, претседател на Агро комората при Сојузот на стопанските комори.

Според него, сите случувања на глобално ниво како поплавите во Србија, екстремните суши во Аргентина, Белгија, Холандија и Франција, ќе се одразат, но како, не треба да се шпкеулира. Какви било калкулации и конкретни биланси може да се прават дури по собирањето на родот.

Намалувањето на површините со пченица што го евидентира и статистиката, Оровчанец го квалификува како светски тренд. – Намалување на површините, а зголемување на приносите е европски и светски тренд. исто така тренд е и зголемувањето на стимулациите. И да се намалени површините, се очекува зголемен принос, напомена Огнен Оровчанец.

zemjodelstvo

Би можело да ве интересира

Од локално до европско – Лидл отвора нови можности за македонското земјоделство

A1on27/06/2025 - 16:03

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Катерина Ѓуровски19/11/2024 - 13:28

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on04/03/2024 - 13:27

Градоначалникот Димитриевски бара јавно да се објави списокот на сите земјоделски концесионери со информации за плаќање на концесиски надоместок

Предраг Петровиќ05/07/2023 - 20:11

Видео: Имате запуштени ниви? Ем ќе плаќате повеќе данок ем државата ќе ви ги издава

Анита Петровска Рајковиќ27/10/2022 - 18:05

Иновации, нови мерки и 200 милиони евра поддршка за модерно, одржливо и конкурентно земјоделство, најавува Владата

А1он13/09/2020 - 08:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен