Можно е замрзнување на имотот и блокирање на сметките на Груевски во странство

Од:

Не се исклучува можноста Обвинителството да побара замрзнување на имотот и банкарските сметки на експремиерот и бегалец Никола Груевски во странство. Обвинителството за „А1он“ вели дека е можно ова да го направат преку меѓународна правна помош, а откако Груевски во Унгарија основаше компанија, додека сметките во Македонија му се празни.

„За лицето за кое покажувате интерес има повеќе истражни и предистражни постапки врз основа на кои не е исклучена можноста обвинителството согласно своите надлежности да побара постапување преку меѓународна правна помош. Во моментот кога ќе можат да се споделат детали што нема да наштетат на постапките, а ќе бидат во функција на задоволување на интересот на јавноста, обвинителството навремено ќе ги сподели“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Груевски ја основа фирмата по скоро три години откако избега од Македонија и побара азил во Унгарија. Називот на фирмата е „И.Ц.И.Ц“, регистрирана во градот Пецел. Согласно унгарските закони, фирмата ќе може да врши трговија на големо со порцелан и стакларија, како и со средства за чистење; трговија на големо со храна, пијалоци и тутун; како и со други разновидни стоки. Ќе може да се занимава и со активности во сферата на управување со имоти, во бизнис менаџмент, комуникации со јавност, рекламирање, во истражувања на пазари и испитување на јавно мислење, како и во организација на конференции и трговски саеми.

Регистрацијата на фирмата го чинела Груевски три милиони унгарски форинти или 8.350 евра. Тој не приложи лична адреса во Унгарија, туку ја навел адресата на неговиот адвокат во Будимпешта. Груевски пред да избега од Македонија во 2018 година ги испразни своите банкарски сметки и повлече над 200 илјади евра.

Груевски е осуден на две години казна затвор во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот „мерцедес“, а 1,5 година затвор за предметот „Насилство во Центар“. Тој е обвинет и во предмети како „Титаник“, „Траекторија“ каде му застаре делото, „ТНТ“, „Талир“, „Плацови на Водно“, а осомничен и во „Организатори на 27 април“, „Пропаганда“.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Европски Сојуз за Промена го прашува Ахмети: Колку години затвор му простувате на Груевски со измените на Кривичниот законик

Ковачевски го повика Груевски да се врати за да се соочи со првадата