Силјановска Давкова: Може да им завидуваме на Грците за патриотизмот

Од:

„Почитувани граѓани и граѓани на една од најпатриотските општини во Скопје и Македонија“, со овие зборови, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова го почна митингот во Општината Ѓорче Петров.

„Признавам дека не сум си ја познавала Макеоднија како што требало…. Признавам дека невидена енергија добивам од вас. И вие и јас веруваме во она што е најголема европска вредност, во владеењето на правото, во правото и правдата“, рече Силјановска Давкова пред присутните.

„Денеска во светот секаде се повикува на малку идеализам во пресилниот реализам, зашто со моралот, правото и правдата ќе создадеме претпоставки за мир“, кажа кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ.

Сите народи се бореле за правдини и македонскиот народ се борел, ама судбина ни било да ја докажуваме, рече Силјановска Давкова во получасовниот говор.

„Престанале и химаната да ја интонираат. Може ли химна напишана во закон што се донесува со двотретинско мнозинство да се заборави? Не може. Ниту еден политичар не смее да го крши законот за химната. Таа е уставна категорија. Не знам што да кажам. Тоа не е право на некој политичар. Можеме да им завидуваме на Грците за патриотизмот“, рече таа пред присутните и се повика на цитати од Бернард Шо.

„Ако победиме на претседателските избори, тоа ќе значи нивен пораз на следните парламентарни избори“, рече професорката пред присутните.

По неа говореше и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз