МОСТ: Гласачките места отворени навреме, нема неправилности

Од:

Сите гласачки места на вториот круг од локалните избори каде се избираат градоначалници се отворени навреме, гласањето оди тековно и досега нема информции за какви било неправилности, информираа на денешната прва прес-конференција од Граѓанската асоцијација МОСТ.

Златко Димитриоски од оваа асоцијација истакна дека МОСТ го следи гласањето со вкупно 1000 набљудувачи од кои 910 се распоредени на гласачите места и покриваат 50 проценти од местата каде што денеска се одвива гласање. МОСТ го набљудува вториот круг од изборите и со 45 мобилни тимови.

Од асоцијацијата апелираат до граѓаните сите неправилности што сакаат да ги пријават тоа може да го сторат на бесплатниот телефонски број 080080080 како и на веб платформата.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

(ВИДЕО) Се урна дел од мостот на граничниот премин „Градишка“, преминот е затворен

Горан Наумовски

Најдолгиот мост на светот е во Луизијана – 39 километри

А1он

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата