Мораториум за средношколските екскурзии во странство, бара координативното тело за превенција на коронавирусот во туризмот

Од:

Денеска се одржа втор состанок на координативното тело формирано за превенција од последиците на коронавирусот, каде покрај Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, стопанските комори и асоцијациите за туризам присуствувале и претставници од Министерството за транспорт и пазарната инспекција, со цел координација на сите активности и превенција на последиците од коронавирусот.

„Извештаите од стопанските комори за туризам со цел утврдување на веќе настанатите штети на приватниот сектор кои претежно се резултат на соработката со ниско-буџетната компанија Визер, последиците од откажувањето и препораката на државата за избегнување на патување во северниот дел на Италија. Информациите за штети кои стопанските комори ги сумираа од своите членки даваат бројка од околу 3 милиона денари и истите се поради закуп на авионски билети“, се вели во соопштението.

Дополнително, координативното тело ги анализирало движењата на пазарот и констатирало дека нема големи откажувања од странските туроператори , туку дека поголемиот број на семинари, конференции и други аранжмани, претежно индивидуални, се на ниво на град Скопје како туристичка дестинација.

Дел од заложбите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Министерството за Економија е да се препорача на Владата, семинарите коишто се од страна на државната администрација, во текот на 2020 година стриктно да бидат организирани во земјата и дополнително средношколските екскурзии до месец септември да бидат организирани дома, односно, да има мораториум за патување во странство.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски