Договор од лидерската средба нема да има. Ова е очекувањето на Маја Морачанин, претседателка на ДОМ. Ќе се разговара за уставните измени, кажа таа. Целта е приближување кон европските интеграции. Според Морачанин, за предвремени избори нема да има. Таа додаде: „Условување не носи кон консензус“.
„Не очекувам денеска договор, имајќи во предвид изјавите од опозицијата дека тие се против се уште и бараат дополнителни гаранции за промена на Уставот. Но е добро да разговараме заеднички, за вакви стратешки прашања. Да има широк консензус“, кажа Морачанин.
Таа очекува да чуе какви гаранции и од кого се бараат, за ВМРО-ДПМНЕ да гласа за вметнување на Бугарите во Уставот.
„Не можам да знам кои се гаранциите кои тие ги бараат. Чекам да кажат кои се тие гаранции кои ги бараат, кој тип на гаранции се“, кажа Морачанин одговарајќи дали власта е подготвена да ги даде гаранциите.