Морачанин е единствен предлог за претседател на ДОМ

Од:

Општинските организации, младинската организација-МОДОМ, Форумот на жени и Извршниот одбор на зелената партија ДОМ, како единствен кандидат за претседател на ДОМ на претстојниот Петти конгрес кој ќе се одржи на 27 ноември, ја предложија актуелната претседателка, Маја Морачанин информираат од ДОМ.

– На денешната седница на Извршниот одбор на ДОМ, беа разгледани и усвоени предлозите од општинските организации на ДОМ, младинската организација и Форумот на жени за кандидати за претседател, членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ. Согласно внатрепартиските демократски принципи, кандидатите за претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ ги предлагаат членовите на општинските организации, МОДОМ и Форумот на жени на ДОМ. На 18.11.2022 година, ДОМ објави јавен оглас во два печатени медиуми, во кој ги повика членовите на ДОМ да се пријават до општинските организации во нивните места на живеење, за изразување интерес за кандидирање за членови во органите и телата на ДОМ што ќе бидат избрани на Конгресот се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Морачанин: Измените на Кривичниот законик не одат во прилог на ефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал

Горан Наумовски

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Централниот одбор ја предложи Маја Морачанин за претседателка на ДОМ

Морачанин: Не очекувам договор на лидерската бидејќи се бараат гаранции за промена на Уставот

Кристијан Ландов

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов

Петровска: Маја Морачанин не може да се соочи со фактот дека е губитник на овие локални избори

А1он