Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Од:

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа функција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.

– Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ. Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ. Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија. Честитки до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, напиша Морачанин на својот профил на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Морачанин: Измените на Кривичниот законик не одат во прилог на ефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

Централниот одбор ја предложи Маја Морачанин за претседателка на ДОМ

Морачанин е единствен предлог за претседател на ДОМ