Централниот одбор ја предложи Маја Морачанин за претседателка на ДОМ

Од:

На денешната седница на Централниот одбор на зелената партија ДОМ беа утврдени предлозите за членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ, за кои ќе се одлучува на Петтиот конгрес на ДОМ информираат од партијата.

– Централниот одбор на ДОМ ја утврди актуелната претседателка на ДОМ, Маја Морачанин како единствен предлог за претседател на партијата.
Согласно внатрепартиските демократски принципи, кандидатите за претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ ги предлагаат членовите на општинските организации, МОДОМ и Форумот на жени на ДОМ. На 16.10.2022 Централниот одбор на ДОМ донесе одлука за одржување на Петтиот конгрес на ДОМ, на 27.11.2022. На 18.10.2022 ДОМ објави јавен оглас во два печатени медиуми, во кој ги повика членовите на ДОМ да се пријават до општинските организации во нивните места на живеење, за изразување интерес за кандидирање за членови во органите и телата на ДОМ што ќе бидат избрани на Конгресот се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Морачанин: Измените на Кривичниот законик не одат во прилог на ефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал

Горан Наумовски

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Морачанин е единствен предлог за претседател на ДОМ

Морачанин: Не очекувам договор на лидерската бидејќи се бараат гаранции за промена на Уставот

Кристијан Ландов

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов

Петровска: Маја Морачанин не може да се соочи со фактот дека е губитник на овие локални избори

А1он