Монтесори едукативен материјал за децата од градинките во Општина Карпош

Од:

Денес, во предучилишната установа “Распеана младост”- Карпош 1 (ул. Руѓер Бошковиќ бр. 8) Македонското Монтесори Здружение, за 30 групи од четирите предучилишни установи од Општина Карпош, обезбеди специфични “Монтесори материјали” за работа на децата. Не постојат вистински зборови со кои би се опишале радоста и задоволството на детските лица, откако тие денеска се запознаа со новите работни материјали кои за нив ги донираше Македонското Монтесори Здружение (ММЗ) во соработка со Општина Карпош. Оваа активност е втората фаза од проектот “Монтесори обуки за деца и родители” кој се одвива во директна соработка со Општина Карпош. Овој проект ги опфаќа сите возрасни групи од градинките и ќе биде спроведен во сите десет предучилишни установи, распоредени на територијата на Општина Карпош.

Во оваа пригода се обрати  директорката на градинката “Распеана Младост” – Ели Грибовска која ги запозна присутните со состојбата и активностите во нивната градинка, притоа заблагодарувајќи се на Монтесори заедницата и на Општина Карпош.

Претседателката на Македонската Монтесори заедница – Билјана Стерјадовска, говореше за ефикасноста на овој метод на едукација кај децата но и кај нивните родители. Според неа Монтесори педагогијата изобилува со дидактички материјал со кој се стимулираат децата од мали нозе да бидат активни, да се вклопат полесно во средината, но и да веруваат самите во себе, т.е да се стекнат со самодоверба.

На овој настан  присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој истакна дека нему лично му претставува особена  чест и задоволство да соработува со Македонската Монтесори Заедница, дека и покрај тоа што општината нема законска обврска, презема сопствена иницијатива за подобрување на стандардот на образование, при што посебно води грижа за децата од предучилишна возраст. Градоначалникот потенцираше дека соработката со Монтесори заедницата ќе продолжи и понатаму, на крај тој лично го подели Монтесори материјалот.

Во следната фаза на соработка помеѓу Општина Карпош и ММЗ се предвидува преку родителските вечери, самите родители да имаат можност и директно да се запознаат со активностите на своите деца во градинките на тема “Монтесори педагогијата – поддршка на индивидуалниот детски развој”.

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ