МОН во одбрана на родовата еднаквост во образованието: Децата ќе учат за своите чувства и заштитата од насилство

Од:

Реформите во основното образование се насочени кон зголемување на аналитичкото и критичкото размислување со што учениците полесно ќе може да направат разлика за тоа што не е во ред и што е правилно. Ова било заклучено на панел дискусијата “Со заеднички сили за родова еднаквост – заложби и повратни информации”.

Станува збор за дискусија која е дел од Глобалниот партнерски форум за сеопфатно сексуално образование организиран од УНФПА. “

– Затоа во новата концепција за основно образование која ја имплементираме од септември едни од основните вредности се инклузивност, родова еднаквост и недискриминација за што наставниците поминуваат соодветна обука, а родовите стеротипи се отстрануваат од наставните материјали, истакна Санела Шкријељ, претставник на Министерството за образование и наука,

Како што се наведува во соопштението од Министерството за образование со вметнување на содржини за родовата еднаквост младите ќе учат за своите чувства, самодоверба, почитување, заштита од насилство и вознемирување, како и дека со овие наставни програми се обезбедува дополнителна вредност во градењето на младите, грижата за себе, нивниот интегритет и самодоверба.

– Ги учиме на емпатичност, грижата едни за други и почитување на различностите. Кога учениците ќе ги имаат овие информации уште од најмала возраст ќе ги знаат основните човекови права, но и ќе знаат да ги почитуваат правата на другите, рече Шкријељ.

На онлајн форумот за глобално партнерство, учествуваа над 50 претставници од државни институции, граѓански и младински организации и експерти од светот, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Жените се побројни во јавниот секотр, но на раковдни функции се драстично помалку

Катерина Ѓуровски

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

НАкС: МОН игнорираше голем дел од нашите предлози за високо образование

Конференцијата „Фер игра“: Спортот во Македонија со длабоки родови нееднаквости и недостиг од заштитни механизми

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет