МОН: Укинувањето на екстерното тестирање објавено и во Службен весник

Од:

Министерството за образование и наука денеска соопшти дека со усвојувањето на измените на Законот за основното образование, на Законот за средното образование и на Законот за наставници во основните и средните училишта се укина екстерното тестирање.

– Собранието на Република Македонија вчера донесе Закон за изменување на Законот за основното образование, Закон за изменување на Законот за средното образование и Закон за изменување на Законот за наставници во основните и средните училишта со кои се укина екстерното тестирање, стои во соопштенито.

Измените на законите, како што посочуваат од Министерството, се објавени во „Службен весник на Република Македонија” бр. 67 од 1 јуни 2017 година и стапија во сила со денот на нивното објавување.

– Со овие законски измени е укинато екстерното тестирање и нема да се спроведува. Сите отпочнати постапки во врска со екстерното проверување на знаењето на учениците запираат, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

НАкС: МОН игнорираше голем дел од нашите предлози за високо образование

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа