МОН: Расте бројот на ученици кои следат онлајн настава, образовниот процес тече непречено

Од:

Од почетокот на учебната година до денеска бројот на ученици кои следат настава од далечина е зголемен за 17 проценти, односно околу 87 отсто од учениците успешно ја следат онлајн наставата, информира Министерството за образование и наука.

-Благодарение на воспоставениот начин на учење од далечина, наставата успешно се спроведува во време на пандемија. За останатиот дел кои немаат уреди, или интернет конекција часовите се емитуваат на телевизија преку Националната радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал. Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со директорите на училиштата и локалните самоуправи и тековно се работи на обезбедување услови за непречено функционирање на онлајн наставата, се вели во соопштението од МОН.

Од Министерството апелираат наставниците и учениците кои наставата ја следат со физичко присуство, доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста. Од целокупното одговорно однесување, велат од МОН, ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата. Протоколите за заштита од заразата, потенцираат од Министерството, докажано функционираат, ако сите се придржуваат на пропишаните мерки за заштита.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Буџетот за образованието насочен кон реформи, двојно повеќе од лани за капитални инвестиции

Ана Ололовска

Царовска: Во училиштата нема ширење на вирусот, предвремен распуст е неаргументиран предлог на опозицијата

Ана Ололовска

Резултати од конкурси за доделување стипендии за средношколци за учебната 2020/2021 година

Ана Ололовска

Царовска: Врз основа на меѓународни искуства ќе создадеме наш модел на образование

Ана Ололовска

Царовска до учениците: Младите и децата се наши партнери, заедно ќе создадеме подобро образование

Ана Ололовска

Царовска: Да создадеме свет каков што замислува секое дете, да обмислиме подобра иднина

Ана Ололовска