МОН: Продолжувње на социјалниот дијалог со СОНК

Од:

Министерството за образование и наука (МОН)  ја поздравува одлуката на СОНК за ставање во мирување на генералниот штрајк закажан за утре, по денешната средба во Министерството, на која се разговарало по сите основи коишто во изминатиот период беа наведувани како причини за организација на штрајк.

– На средбата е договорено продолжување на социјалниот дијалог помеѓу двете страни, што попладнево резултираше со одлука на советот на СОНК за прекин на активностите за организирање на најавениот штрајк, се наведува во соопштението од МОН.

Согласно изнесената волја на двете страни, како што се наведува, МОН ќе продолжи максимално да се заложува и да придонесува за водење на ефикасен и ефективен социјален дијалог, како правен и демократски механизам преку кој и досега се реализираше одлична соработка и се унапредуваа бројни состојби.

– Министерството потврдува дека прифаќа и дебата за унапредување на системот на екстерното тестирање, но единствено во насока на зголемување на знаењето на учениците и подигнување на објективноста на наставниците при оценувањето, додека по однос на барањето за зголемувањето на платите на вработените во областа на образованието, истото е дефинирано во Програмата за работа на Владата, при што за оваа календарска година предвидено е зголемување за четири проценти. Во следните години, зголемувањето ќе зависи од буџетските можности, стои во соопштението од МОН.

Би можело да ве интересира

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите