МОН повикува на почитување на мерките и одговорно однесување и надвор од училиштата

Од:

Министерството за образование и наука апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата, со што ќе го спречат ширењето на болеста. Посочува дека заедно со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ги презема сите мерки, препораки, протоколи, алгоритми и бара нивно целосно почитување од наставниците, учениците и родителите.

– Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат доколку сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита. Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата, нагласува МОН.

Министерството информира и дека наставата со учење од далечина успешно се спроведува и над 80 отсто од учениците ги следат часовите онлајн без никакви потешкотии.

За останатите ученици кои немаат уреди или интернет-конекција часовите се емитуваат на Македонската радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал.

МОН соопштува и дека е во постојана комуникација со директорите на училиштата и локалните самоуправи и тековно се работи на обезбедување услови за непречено функционирање на онлајн-наставата.

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци