МОН: Најголемите критичари денес во минатото најмногу доцнеа со набавките на учебници

Од:

Политичките субјекти кои денеска најмногу критикуваат дека се доцни со набавката и испораката на учебниците за основците и средношколците, всушност најмногу ги кочеа овие процеси кога во минатото раководеа со Министерството за образование и наука. Добро е да им ја освежиме меморијата дека токму пред 10тина години, кога нивни кадри управуваа со министерството, договорите за набавка на учебници беа склучувани после два-три месеци од отпочнувањето на учебните години, се вели во реакцијата на Министерството за образование и наука.

„Конкретно, договорите со издавачките куќи за откуп на учебници за основното и средното образование за учебната 2013-2014 година се потпишани на 29ти, 30ти и 31ви октомври, како и на 4ти ноември 2013 година. Значи учебници немало во текот на целото прво полугодие истата учебна година. Дополнително, дури кога учебниците биле набавени, истите не се испорачувале до одредени училишта под изговор дека се наоѓаат во далечни подрачја каде патот е „лош“, за што постојат и писмени реакции од тогашните училишни раководства.

За разлика од тогаш, денешното раководство на МОН и на другите надлежни институции во врска со набавката на учебници, сите надлежности ги преземаат навремено, многу порано од почетокот на една учебна година. Учениците, најголем дел од учебниците ги добиваат пред 1 септември, а мал дел во текот на септември. Нивното доцнење е поради тоа што постапките за нивна изработка и одобрување се пролонгирани од фактори на кои не може да се влијае институционално, односно не зависат од министерството.

Наместо манипулации со јавноста, потребна е искреност кон граѓаните и најважно, поддршка на заложбите за градење на квалитетно образование. Оние кои се занимаваат со креирање на лаги и шпекулации, време е да почнат да даваат конкретни и конструктивни идеи за модернизација на воспитно – образовниот процес, а ние остануваме отворени за соработка, дискусија и прифаќање на секој предлог кој е изводлив и може да придонесе кон остварувањето на целта“, велат од МОН.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите