МОН најде решенија за наставата на албански јазик во училишта во Велес и Чашка

Од:

Во подрачното училиште „Тодор Јанев“ во село Бањица, во Општина Чашка, 24 ученици од септември 2019 ќе почнат да учат на мајчин албански јазик, а во селото Стари Град во таа општина настава на албански јазик ќе посетуваат седум основци.

-Во Стари Град бројот може да биде и поголем поради интерес од жители од Долно Врановци, рече денеска на прес-конференција градоначалникот на Чашка Горан Стојановски. Тој и велешкиот градоначалник Аце Коцевски беа на средба со ресорниот министер Арбер Адеми за да разговараат за надминување на проблемот во некои рурални средини во нивните општини каде што децата не го остваруваат правото на основно образование на мајчин јазик.

Велешкиот градоначалник Коцевски изјави дека на средбата разговарале за можноста да се обезбедат услови за мајчин јазик за тројца ученици Албанци од село Горно Караслари кои патуваат до Долно Караслари каде наставата се изведува на македонски јазик. Притоа напомна дека нивните родители никогаш тоа не го побарале, туку било актуелизирано од медиумите. Рече дека тоа дополнително ќе го чини образованието зашто ќе треба вработување наставник и нова училиница и нејзино одржување и затополување.

-Го замолив министерот да пренесе порака во Владата дека за да се реализира тоа сериозно ќе го поскапи образованието, а исто така и да ги пренесе информациите дека треба да бидеме внимателни зашто во Велес има стотици деца чиј мајчин јазик е турски или ромски, а досега не го оствариле правото да следат настава на мајчин турски или на мајчин ромски јазик, рече Коцевски, додавајќи дека во Општината Велес настава на албански јазик се изведува во повеќе села, пред сè во Бузалково, Клуковец и Сливник.

Министерот Арбер Адеми истакна дека средбата со двајцата градоначалници била конструктивна и имале неколку заеднички заклучоци. Соопшти дека во планот за јавни набавки за 2019 година е предвидено изградба на нов училишен објект во велешкото село Клуковец. Избрана е, рече, и фирма која ќе го изработи проектот по кој потоа ќе се гради училиштето.

-И во општина Чашка ќе се изградат објекти. Поради пораст на население и реална потреба, во село Јаболчиште ќе се доградат училници во рамки на ПОУ „Лирија“ за што веќе одвоивме околу четири милиони денари. За ова училиште за учебната 2018/2019 година обезбедивме 15 согласности за ангажирање нов наставен кадар за одделенска и за предметна настава. Постапките за инвестиции ќе се иницираат откако и од страна на општината ќе се коригира проектот што веќе е доставен до МОН. Потребно е да се направат мали корекции од општината, како основач на училиштата, а средствата се веќе обезбедени од МОН, изјави Адеми.

Во планот за јавни набавки за 2019, рече, е предвидена е инвестиција од околу три милиони денари за ново училиште во Бањица.

-Но во наредните денови ќе дефинираме со градоначалникот и со жителите дали ќе се изгради објект за кој се обезбедени средства или, пак, ќе се фокусираме на друга опција за која ќе констатираме дека ќе биде подобра, додаде министерот за образование наука.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов