МОН: Матура мора да има, не смееме да правиме компромис со квалитетот на образованието

Од:

Образованието мора да продолжи да тече дури и во услови на пандемија, бидејќи се работи за иднината на младите генерации. Државна матура треба да има затоа што со неа се заокружува стекнатото знаење и она што е многу важно ги насочува учениците во понатамошниот образовен процес, соопшти Министерството за образование и наука во врска со протестот кој попладнево пред МОН го организира Средношколски глас.

МОН во реакцијата наведува дека нема да дозволи пандемијата да се одрази на развојот и напредокот на учениците, а со тоа и на иднината на нашата држава. Иако оваа година сите се соочуваме со нови предизвици, посочува МОН, со огромен ангажман и посветена работа на наставниците, учениците и родителите обезбеден е континуитет во образовниот процес.

-За ова се бориме од самиот почеток и нема да отстапиме од оваа цел.Министерството за образование и наука изминатиот период покажа огромна посветеност и отвореност за дијалог со матурантите. Министерката за образование и наука Мила Царовска и претставници од министерството веќе се сретнаа со Сојузот на средношколци и со Гласот на матурантите. И едните и другите навреме беа информирани дека испитите од државната матура ќе се одржат во законски предвидениот рок, но со полесни прашања и по скратени програми, со цел полагањето да биде ефективно и организирано. Со средношколците разговаравме и за проширената листа на екстерни предмети за гимназиско образование со информатика и географија, како и за можностите што ги нуди променетата програма за проектната задача, соопшти МОН.

Средношколците на состаноците, како што наведува, биле известени дека заедно со нив и со училиштата, наставниците и со здравствените власти ќе биде најден начин самото полагање да биде безбедно.

Министерството за образование и наука најави промени во концепцијата на државната матура кои би се применувале од 2021/2022 година, а ќе се прават во заеднички и конструктивен дијалог со средношколците и наставниците.

МОН нагласува дека државната матура е и законска обврска и дека и покрај пандемијата, се одржува во сите европски земји и во регионот и успешно се реализираше минатата учебна година, а започнуваат подготовките и за оваа учебна година.

– Северна Македонија не смее да биде исклучок по негативни практики. Заедно со директорите на училиштата и наставниот кадар, МОН за многу кратко време воспостави модел на настава кој функционира и овозможува пристап до образование за секое дете во државата. Имаме доволно време сите заеднички да се подготвиме и за државната матура. Разбираме дека постои страв и несигурност кај средношколците во однос на безбедноста и самиот процес на подготовка за испитите, но токму затоа ги повикуваме матурантите, низ заеднички дијалог да понудиме решенија кои ќе гарантираат и безбедност и поддршка, соопшти Министерство за образование и наука.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Казанџиска: Училиштата се подготвуваат за новиот начин на полагање на државна матура

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов