МОН го повика СОНК на разговори

Од:

Министерството за образование и наука (МОН) го повика СОНК на средба за надминување на несогласувањата во пресрет на најавениот штрајк на оваа синдикална организација.

– Согласно повиците на СОНК во изминатите неколку денови за продолжување на разговорите во рамки на социјалниот дијалог, Министерството за образование и наука го повикува на средба раководството на синдикалната организација, во недела во 11:00 часот во просториите на Министерството, се наведува во соопштението од МОН.

Министерството воедно информира дека зголемувањето на платите на вработените во областа на образованието е дефинирано во Програмата за работа на Владата, при што за оваа календарска година предвидено е зголемување за четири отсто, додека во следните години зголемувањето ќе зависи од буџетските можности.

Министерството прифаќа дебата и за унапредување на системот на екстерното тестирање, но единствено во насока на зголемување на знаењето на учениците и подигнување на објективноста на наставниците при оценувањето, се вели во соопштението од МОН.

До синоќа СОНК не излезе со инфорамција дали го прифаќа предлогот на Министерството.

Би можело да ве интересира

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите