Момчето од Бузалково убиено со нож

Од:

Според најновите информации од СВР Велес, 23-годишниот Адиљ Сулејмани од велешкото село Бузалково бил убиен со нож.

По извршениот увид е утврдено дека во пределот на градите на момчето има две убодни рани од нож, што значи дека не се работи за рани од оружје, како што претходно беше соопштено од полицијата.

Портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска информираше дека телото на убиеното момче по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција во Судска медицина во Скопје.

Мртвото момче било најдено од неговиот татко денеска околу пладне во приколка на нивни плац во близина на Ветеринарната станица во Велес.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари