Младо момче од велешкото село Горно Јаболчиште го загубило животот во својот дом од струен удар додека се бањало.
Според информациите од МВР несреќата се случила вчера околу 20.15 часот. Полицијата соопшти дека додека 18-годишниот Беќим Кадриов се капел во купатилото каде доживел струен удар и починал на лице место.
Екипи на велешката полиција извршиле увид на местото на трагедијата, а телото со наредба од истражен судија е предадено на семејството.