Страотна несреќа се случила утринава околу 9:40 часот, на патот за Горна Матка.
Според информациите На Сител, несреќата се случила кога камион натоварен со дрва, управуван од С.А. изгубил контрола и се превртел.
Во несреќата загинал сопатникот на С.А., 23 годишниот Бесим А.
Полицијата работи на расветлување на причините за несреќата.