25-годишно момче од Куманово скокајќи од Искрин мост на реката Пчиња на магистралниот пат Куманово – Свети Николе денеска се самоуби.
Момчето се фрлило од 30 метарскиот мост утринава, а екипи на полицијата и судот вршат увид, јави Кумановоњус.
Искрин мост, кумановци го нарекуваат и мост на смртта, бидејќи откако е изграден од него се самоубиле многу луѓе поради различни причини.