Моли – кобилата која се продаде за неколку коцки шеќер

Од:

Политичките случувања во земјава повторно не навраќаат на Џорџ Орвел и неговата „Животинска фарма“, приказ на политичките случувања во вид на басна, во која животните кренаа буна против соптвениците на фармата.

Единствена која ги изневери беше кобилата Моли, која се продаде за неколку коцки шеќер. Еве еден поучен дел пренесен од книгата.

Како што се приближуваше зимата, Моли стануваше се’ понепријатна. Секое утро доцнеше на работа со оправдување дека заспала и покрај нејзиниот одличен апетит, се жалеше на некои мистериозни болки. На сите можни начини ја избегнуваше работата, често одејќи на поилото, се задржуваше таму и глупаво се ѕвереше во својот одраз во водата.

Но, имаше гласини дека се работи за нешто посериозно. Еден ден, додека Моли весело трчкаше по дворот, џвакаше сено и мафташе со опашката, Кловер и’ пријде. „Моли“, рече таа, „треба да те прашам нешто многу сериозно. Утрово те видов дека гледаш преку оградата што ја дели Животинската фарма од Фоксвуд. Еден надничар на г-дин Пикингтон стоеше од другата страна на оградата.

Додуша јас стоев подалеку, но видов дека нешто ти зборуваше, а ти дозволи да те погали. „Што значи тоа, Моли?” „Не! Не сум била јас! Тоа не е вистина !”, извика Моли, почна да плаче, да лудува и да копка по земјата.

„Моли! Погледни ме во лице. Можеш ли да ми дадеш чесен збор дека тој човек не те галеше?“ „Тоа не е вистина!“, повтори Моли, но не можеше да ја погледне Кловер во лице, а во следниот миг таа изгалопира далеку во полето. Една мисла блесна во мозокот на Кловер.

Ништо не им кажа на другите, таа отиде во шталата на Моли со копитата ја преврти сламата. Под сламата имаше сокриен цел куп коцки шеќер и неколку врзопчиња со врзувки во различни бои. Три дена подоцна, Моли исчезна. Неколку недели никој не знаеше каде е Моли, потоа гулабите ја донесоа веста дека ја виделе на другата страна, во Вилингдон. Била впрегната во отмена црвено-црна двоколка која стоела пред гостилницата. Еден дебел човек, црвен во лицето во карирани јавачки пантолони и доколенки, ја галеше и ја хранеше со шеќер.

Таа беше тимарена и во гривата и’ беа вплетени црвени панделки. Според она што го кажаа гулабите, изгледала задоволна. Ниту едно од животните некогаш повеќе не ја спомна Моли.

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска