Могерини: Моќта на добрата вест што ќе ја донесе решение за името ќе биде земена во предвид од сите земји во ЕУ

Од:

Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, на прес конференцијата по советот на министри на ЕУ денеска, на прашање за отпорот на одредени земји-членки за старт на преговори со Македонија, одговори дека ќе биде многу тешко за нив да игнорираат толкава светска вест.

– Бев брифирана од македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи за напредокот во преговори за името, многу е охрабрувачки и ветувачки, но сѐ уште не е финализирано. Јас сум оптимист и уште пооптимист кога станува збор за Балканот. Да одиме чекор по чекор. Ја изразивме нашата јасна намера да го придружиме, помогнеме и поддржиме евентуалниот договор во наредните денови или недели. ЕУ ќе биде таму целиот пат да го придружи договорот кога ќе биде постигнат и најавен, истакна Могерини.

Ова, посочи, ќе има трансформативен ефект не само на односите помеѓу земјите, туку на целиот регион, и на Европа, но и на глобално ниво.

– Спорот за името постои одамна, создадаваше компликации со години, и ако силното политичко лидерство со посредство на ОН и силно инволвирање на ЕУ може да донесе договорен резултат на вака тешка тема, тоа ќе биде инспирација и за други и ќе биде доказ дека мултилатералниот пристап е тој во кој треба да се инвестира. Сето ова треба да биде препознаено од Европскиот совет. Да потсетам дека Европската комисија веќе препорача старт на преговори врз основа на заслуга во реформите, што е суштината и да потсетам дека преговорите се само почеток на еден процес, рече Могерини.

Моќта на добрата вест што ќе ја донесе решение за името ќе биде толку силно поздравена од меѓународната заедница и ЕУ што сите земји ќе мораат ова да го земат предвид, одговори Могерини на прашањето за отпорот на Франција кон стартот за преговори со Македонија.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он