Модернизирани студиски програми на ФЕИТ, слободни 650 места

Од:

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за новата студиска година 2017-2018 ги модернизираше програмите во согласност со новите трендови во образованието на инженери по електротехника и информациски технологии.

Деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски истакнува дека ги следеле насоките на меѓународно тело за акредитација на високообразовни институции од нивната област, каде се наведени основните знаења и вештини што денес треба да ги поседува еден модерен инженер по електротехника и информациски технологии.

– Тоа значи широки основни познавања од сите области на електротехниката на која се надополнуваат знаење од конкретен интерес на студентот. Значи, предметите се надградуваат и на тој начин, студентите континуирано ги развиваат и усовршуваат своите компетенции. Со ова усогласување на нашите со европските и светските студиски програми сакаме значително да ја олесниме мобилноста на студентите. Сакаме да ги мотивираме, минимум по еден семестар да поминат на високообразовна институција во Европа, рече Ташковски денеска на средба со новинари.

Според него, значајно за новите бруцоши е и воведувањето на професори-тутори кои треба да им помогнат на студентите полесно да се прилагодат на новата средина, полесно да го премостат преодот од средно училиште на ФЕИТ, а потоа да им помогнат и во нивното усовршување.

– Минатата година воведовме студенти демонстратори, односно студенти од погорните години, кои веќе им помагаат на студентите од првите години во совладување на материјалот, рече Ташковски.

На ФЕИТ има 650 места за бруцоши во учебната 2017/2018 година, од кои, според Конкурсот, 440 се во државна квота, а 210 со кофинансирање. Достапни им се седум студиски програми: Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија, Електроенергетски системи, Електроенергетика, управување и менаџмент, Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика, Компјутерски технологии и инженерство, Компјутерско хардверско инженерство и електроника и Телекомуникации и информациско инженерство.

Би можело да ве интересира

Студиските програми на ФЕИТ добија акредитација од германска агенција

А1он

Манчевски го отвори меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција „RoboMac-2020“

А1он

Меѓународен натпревар по роботика и вештачка интелегенција на ФЕИТ

Ана Ололовска

На ФЕИТ ќе се тестираат 5Г мобилни технологии и системи

Ана Ололовска

На ФЕИТ ќе биде отворена прва лабораторија за тестирање на 5Г

Ана Ололовска

Заврши десеттиот „Робомак 2019“

Ана Ололовска