Моцарт

Од:

Филмот Амадеус сум го гледал најмалку пет пати и секогаш ми е малку. Играв по истиот текст на сцената на Драмски театар и секогаш ми беше малку играњето на таа претстава.

Ја слушам музиката на Моцарт и секогаш ми е малку. Ја гледав претставата на Драмски по текст на В. Андоновски „Генеза на кучињата“, јас на галено ја викам „Кучешка тенија“, и малку ми е и пак ке ја гледам. Покрај одличноста и на режијата , покрај одличниот текст, покрај одличната глума, низ целата представа се „шета“ еден симбол, а тоа е арија од Моцартовата опера „Дон Џовани“.

Всушност оваа моја белешка и не треба да се вика Моцарт ами Салиери. За оние кои не знаат, мало појаснување. Моцарт во историјата на музиката е генијот, а Салиери е болно љубоморниот медиокритет, кој благодарение на сељачката му филозофија станува главен концерт мајстор на Виенскиот двор за време на Јосиф втори.

Дали погоре напишаното не ве подсетува на нешто од нашето секојдневие? Мене да. Што е тоа што толку ме потсетува на Моцартовото време, пардон, на времето на Салиери?

Живеам во средина комплетно исфрустриран, чуствувајки се отфрлен. Живеам во средина каде ми е страв да покажам некои мои доблести за да не бидам исмеан, живеам во средина во која живеат 90% Салиеривци, живеам во средина каде секој си зема за право да ме оценува „стручно“, живеам во средина каде ако тргнеш да се подискачиш малку, само малку погоре, веднаш се наоѓа некој што ке проба да те повлече удолу.

Немам претензии да бидам Моцарт, да се разбереме, ама Салиери ич не сум. И да сакам неможам да бидам . Зошто? Затоа што Салиеривците љубоморно си ги чуваат своите, со богато сексуално, стечени позиции. Погледнете малку околу вас ако не сте Салиеривец и видете кој се ве опкружува, кој се ве забавува, кој се ве раководи!

Нормално имиња нема да споменувам поради домашното воспитување, а башка сакам да ви оставам простор да ги размрдате малку мозочните виуги.

Направете мала анализа кои се, чест на исклучоци, првенци во нашите театри, опера, балет, кои се раководители на тие куќи. Направете анализа кои се се директори, чест на исклучоци, на јавни куќи, пардон, претпријатија. Направете уште помала анализа кои се се, чест на исклучоци, водечки политички партиски кадри. Кои се лидери на тие партии. Во тие Султан партии дали им случило на салиеривците, нарочно со мала буква, некој да им опонира, да им рече не? Не. Им се нема случено. Зошто? Затоа што голем дел од тие под него не се ни салиеривци. Сите оние кои му рекле „не“ на султанот ги „папала маца“.

Кој ни дозволува, на тие што се сметаме за несалиеривци, да им дозволуваме на салиеривците да не подебаваат( се извинувам). Кој ни дозволува да си го арчиме животот и да им го подаруваме ним? Зарем мислиме дека имаме уште еден живот? Па девет да имав ке ми ги потрошат овие а не овој еден беден живот.

Велат ШТО СИ ДРОБЕЛ, ТОА ЌЕ СРКАШ. Дали е баш така?

Изгледа дека ке да е така.

Да даде Севишниот, САЛИЕРИВЦИ да не сте вечни и што поскоро да ве снема!

Марин Гермов

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска