Законот забранува, но во затворите сепак се користат мобилни телефони.
Она за што само се говореше, денеска се потврди на судењето за случајот „Монструм“.
Мобилен телефон е пронајден во ќелијата на обвинет во случајот.
Затворските чувари одземале мобилен телефон со три СИМ-картички од затворот во Битола.
Мобилниот е пронајден во ќелијата на обвинетиот Фејзи Азири. Тој се правдаше дека телефонот е на неговиот цимер, а судијата го опомена Азири да ги почитува правилата на затворот.
Обвинетиот, се пожали дека затворските чувари се однесувале нехумано кон него.
Најавено е дополнително вештачење на мобилниот телефон пронајден кај Азири.
Денеска во Основниот суд Скопје 1 продолжи доказната постапка за случајот „Монструм“. Сведочеше мајката на обвинетиот Сејди Рами, Шукрие Сејдија.
За бруталното убиство на Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Накевски, Филип Славковски и Борче Стевковски, за тероризам се товарат Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, неговиот брат Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Рами Сејди, а Хаки Азири ќе треба да одговара за помагање по извршено дело тероризам. За кривично дело тероризам се товарат и лицата Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, но тие, во Приштина, издржуваат затворска казна за поседување на огне но оружје.