МНР за запаленото возило во македонскиот конзулат во Солун: Вандалскиот чин нема да влијае врз добрососедските односи меѓу двете пријателски земји

Од:

Министерството за надворешни работи информира дека е во редовна комуникација со Генералниот конзулат на земјава во Солун и со надлежните институции на Грција, во врска со инцидентот, во кој на вандалски начин беше опожарено возило на македонскиот конзулат во градот.

– Нашиот конзулат е известен дека грчките власти направиле соодветен увид и ги преземаат сите потребни мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и евентуалните мотиви на овој немил случај, како и дека покрај возилото на нашиот дипломат, во истиот период, било запалено и второ возило на различно место во градот, се додава во соопштението на МНР.

Министерството нагласува дека двата случаја се предмет на истрага, со цел да се откријат извршителите и мотивите, за кои оценува дека на ниту еден начин не се насочени против нашата држава.

– Исто така, веруваме дека овој вандалски акт на ниту еден начин нема да влијание врз одличните добрососедските односи меѓу двете пријателски земји, се потенцира во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во Албанија се запали комбе со македонски таблички кое превезуваше пилиња

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар беснее во Солун: Повеќе од 100 пожарникари се борат со огнената стихија

Тројца уапсени за нападите во Солун во кои загина 72-годишна жена

23-годишна Македонка пронајдена мртва во стан во Солун

Маскирано лице го запали „ренџ роверот“ на сопругата на Курто Дудуш

Горан Наумовски

Изгореа пет возила во скопското село Батинци