Уапсен e маж кој подметна шест пожари во близина на Солун за четири дена

Од:

59-годишен маж е уапсен во Грција под обвинение за намерно и повеќекратно палење во Синдос во близина на Солун, откако предизвикал шест пожари помеѓу 8 и 11 август.

Според истрагата, 59-годишникот, додека го возел своето возило, наводно запалил вкупно шест пожари во сува трева, трска и земјоделско земјиште во областа Синдос, објавува денес „Прототема“.

Според извештаите, еден пожар избувнал во сабота, 8 август, кога изгореле околу 20 хектари земјоделско земјиште, а вториот во недела, 9 август, кога изгореле околу 15 хектари земјоделско земјиште.

Би можело да ве интересира

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он