Мнозинството средношколци во училиште се информираат за сексуално и репродуктивно здравје

Од:

Педесет и пет отсто од 330 ученици опфатени со истражување спроведено во 22 средни училишта на територија на Град Скопје, се изјасниле дека на училиште стекнуваат информации за сексуално и репродуктивно здравје за кое 81 отсто посочиле дека го учат на предметот биологија, а само 26 отсто на предметот образование за животни вештини.

Ова денеска го истакнаа од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. на прес-конференција на која ги презентираа резултатите од истражувањето кое го спровеле во соработка со Центарот за стручно образование и обука, во април-мај годинава, а со кое биле опфатени и 110 наставници.

Од испитаните ученици 77 отсто се од македонска националност, а 23 отсто од албанска националност, односно 53 отсто девојчиња и 47 отсто момчиња, како и над пет отсто наставници.

– Од една страна имаме 63 отсто од учениците кои изјавиле дека зборуваат и учат за заштита од ХИВ по предметот биологија, но имаме факт кој говори дека само 21 отсто од нив кажале дека учат за употреба да кондом по истиот предмет. Добро е што на часовите по образование за животни вештини над 50 отсто од учениците се изјасниле дека обработуваат теми од областа на човекови права, но фрапантен е податокот дека само 13 отсто се изјасниле дека учат за кондом, а само два отсто зборуваат за оралната контрацепција, рече координаторот на проектот на  Х.Е.Р.А., Марија Матовска.

Посочи дека темите кои се од исклучително значење за сексуалното и репродуктивното здравје, како што е род, првиот сексуален однос, сексуалната ориентација, употребата на орална контрацепција се многу малку застапени во овие два предмета.

– Загрижува општиот заклучок дека учениците и ученичките од албанската заедница имаат полимитиран пристап до овие теми и информации. Ако на биологија 24 отсто од македонските ученици се изјасниле дека учеле да употреба на кондом, овој процент кај албанските ученици е само 13 отсто. Учениците се задоволни од начинот на кој се предава, меѓутоа сепак бараат да им се посвети повеќе време и внимание и наставниците малку да имаат поотворен однос кога разговараат за овие теми, истакна Матовска.

Според резултатите од истражувањето, повеќе од 50 отсто од наставниците бараат дополнителни материјали за учениците, алатки и прирачници, како и обуки за знаења и вештини за предавање на теми поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје. Од Х.Е.Р.А. ги повикаа наставниците да ги користат едукативните материјали на hera.org.mk , а од денеска тие на нивниот линк може го преземат и Прирачникот за теми од областа на сексуалното и репродуктивното здравје.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци поднесе иницијатива до Уставен суд, сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз