Млади журкаџии од Берово добија кривични пријави за организирана забава

Од:

Четиринаесет млади луѓе од Берово и еден од Пехчево, на возраст од 21 до 38 години, организирале и биле дел од забава во угостителски објект во Берово, соопшти полицијата.

Петнаесеттемина учесници на журката, но и угостителскиот објект, заработија кривични пријави, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Според информациите на СВР-Штип, пријавените на 17 јануари, околу 18.25 часот во просториите на правниот субјект во Берово организирале и зеле учество на прослава во затворен простор, со што за време на епидемија не се придржувале според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски