Млад жител на тетовско објавил песна со говор на омраза на ТикТок, доби кривична пријава

Од:

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против жител на селото Чифлик, кој објавил видеоклип со песна која содржела говор на омраза.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(21) од с.Чифлик, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“,“ се вели во соопштението од МВР.

„На 19.02.2021 на социјалната мрежа „Тик Ток“, пријавениот објавил видео клип со песна со говор на омраза,“ додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар