Млад Македонец пронајден мртов во Бугарија: Пријателите се сомневаат на убиство, бугарската полиција не нашла траги на насилство

Од:

Македонецот Стојан Спасов, пред два дена е пронајден мртов во Бугарија, потврдуваат за „А1он“ од бугарското министерство за внатрешни работи. Според првичните информации на бугарските институции, кај Спасов не се пронајдени траги на насилство. Неговото безживотно тело било пронајдено на софиска улица, во центарот на градот, која е на три километри од „Витоша“, главната пешачка улица во Софија. Од бугарското МВР велат дека отвориле и предистражна постапка.

„На 17 декември околу 21 часот на улица Емилијан Станев бр.4 било пронајдено тело на 26-годишен македонски државјанин. Според првичните податоци, не се пронајдени траги на насилство. Телото е испратено на обдукција. За случајот е поведена предистражна постапка“, велат од бугарското МВР и упатуваат на детални информации да се побараат од Обвинителството.

„А1он“ контактираше и со близок пријател на Спасов. Тој вели дека сите информации кои ги добиваат се неофицијални. Контактираат со бугарските институции како и со докторите од Судска медицина. Информација која е иста како и официјалната која ја доби „А1он“ дека Спасов немал прострелна рана како што првично се тврдеше на социјалните мрежи. Ниту пак, имало траги на насилство. Му биле земена и крвна анализа, чии резултати се чекаат. Пријателот на Спасов со кого контактираше „А1он“ посочи и дека сега починатиот една година престојувал во Бугарија.

Друг пријател на Спасов, јавно апелираше, македонските органи да помогнат да се врати телото во Македонија.

„Апелирам до македонската полиција и до македонските служби да помогне во обдукцијата да се дознае вистинската причина за смртта, и да помогне за враќање на телото во нашата држава“, напиша Бобанчо Илиоски, друг пријател на починатиот.

„А1он“ упати прашања и до МНР. Оттаму, од утрово па се до сега, немаат информации за случајот, ниту даваат одговори за тоа што се случило со Спасов.

Роднини и пријатели на Македонецот, кој е пронајден мртов, се простуваат од него преку социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он

Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби