Мизрахи по притисоците врз „А1он“: Доколку чекате извинување – ќе ви се извинам, но погрешно ме разбравте

Од:

Техничката министерка Рашела Мизрахи, по една недела, се извини за притисокот што минатата недела го вршеше врз „А1он“ по објавената статија со наслов „Мизрахи ја назначи советничката на Груевски за шеф на кабинетот“. Мизрахи тврдеше дека со демантот немала намера да навредува, ниту да ја диктира уредувачката политика. Овој пат, за разлика од претходно, таа немаше квалификации дека сме ѝ се обраќале со улична комуникација ниту пак, демантира дека Марија Апостолова била советник на експремиерот Никола Груевски.

„Среќна сум што сте тука денеска. Никогаш немав намера да ве навредам. Немав намера да навредам никого од моите сограѓани, без разлика дали се новинари или уредници. Немаше никаква намера да се диктира уредништвото во вашата организација, така што, ве молам, прифатете дека немаше никаква намера од таков тип. Доколку чекате извинување, ќе ви се извинам, меѓутоа немаше таква намера и мислам дека погрешно разбравте“, рече Мизрахи.

Запрашана за измислениот демант и која била неговата цел со оглед дека бараше извинување за наводна лажна вест, таа рече дека не би требало да се делиме кој од чиј кабинет излегува.

„Реакцијата беше во насока на тоа дека шефицата на кабинетот, Марија, е истакната како лице што доаѓа од одредено портфолио. Ќе ве молам. Па ние сме тука родени и израснати, сме работеле со секакви луѓе, ние сме и пријатели со секакви луѓе, секој ден пиеме кафе со секакви луѓе, не би требало да се делиме кој од кој кабинет излегува. На крајот на краиштата, професионалноста е секогаш на прво место. Станува збор за личност што завршила со просек 10,00 и верувам дека вие би сакале да имате 10 такви во вашата организација“, посочи техничката министерка.

Дрскиот однос на министерката Рашела Мизрахи го осудија и од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ). Тие реагираа дека Мизрахи суштински не ја демантира веста, туку го квалификува и етикетира самиот медиум изразувајќи несогласување со уредувачката политика и начинот на кој е пласирана веста.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Мизрахи испрати допис до претседателот на Собранието да ги достават сите материјали од Анкетната комисија до Обвинителството

(ВИДЕО) Мизрахи до Јовевски: ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено

Горан Наумовски

Мизрахи: Првата седница на Анкетната комисија за Оонкологија закажана за утре

Рашела Мизрахи предложена за претседател на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Горан Наумовски