Мизрахи ја назначи советничката на Груевски за шеф на кабинет

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, како своја шефица на кабинет ја назначила Марија Апостолова, екссоветничката на Никола Груевски, во времето кога тој беше претседател на Владата, дознава „А1он“.

Апостолова е дел од списокот каде имаше 90 советници на Груевски, за кои од државниот буџет се плаќаше и до 1,73 милиони евра годишно. Откако Мизрахи беше назначена за министерка, Апостолова ја придружува на сите настани, за што сведочат и фотографиите објавени на социјалните мрежи и медиумите.

Posted by Рашела Мизрахи on Петок, 24 јануари 2020

Но, освен во Владата, екссоветничката на Груевски, а сега шефица на кабинет кај Мизрахи, истовремено била една од главните лица задолжени за давање насоки на членовите во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Апостолова, која на крајот од пораките се потпишувала со „Апостолова Марија, Кабинет на Претседател Груевски“, кажувала кој член, што треба да прави, па така, на пример, им наложувала задолжителни гостувања по локални телевизии, откако ќе била завршена посетата на граѓани. Апостолова наложувала и водење на записници, а пак, доколку некој од членовите на теренските групи на ВМРО-ДПМНЕ не можел да оди на терен кога му било наложено, во пораките испраќани од Апостолова, пишува „Исклучиво од оправдани причини ке се направи ротација“.

Апостолова била дел и од рекламен спот на ВМРО-ДПМНЕ, насловен како „Еден од 100-те најдобри студенти во Македонија кои се приклучија во ВМРО-ДПМНЕ“. Во него, таа говори за нејзините успеси во образованието, посочува дека тогашната влада вложувала во факултетите, а зборува и за проектите кои ги спроведуваше ВМРО-ДПМНЕ.

„Одбирам да го надградам моето образование и да градам кариера во Македонија. Новиот бран, заслужува поддршка. Јас се приклучувам со мојата енергија. Македонија ќе успее“, вели Апостолова во видеото снимено во 2012 година.

„А1он“ изминативе денови се обиде да стапи во контакт со Апостолова, но таа ги игнорираше нашите повици.

Претходно, „А1он“ пишуваше за министерката Мизрахи, која се поврзува со експретседателот Ѓорге Иванов и неговата Школа за млади лидери. Таа е ќерка на адвокатката Лилјана Мизрахи чие име пак, се поврзува со експремиерот и бегалец Никола Груевски. По назначувањето на функцијата технички министер, „А1он“ откри и профил со името Рашела М. на мрежата „Апвор“ преку кој се нуди изработка на магистерски и докторски трудови, а во него, впишани се сите податоци на министерката Рашела Мизрахи.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Мизрахи испрати допис до претседателот на Собранието да ги достават сите материјали од Анкетната комисија до Обвинителството

(ВИДЕО) Мизрахи до Јовевски: ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено

Горан Наумовски

Мизрахи: Првата седница на Анкетната комисија за Оонкологија закажана за утре

Рашела Мизрахи предложена за претседател на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Горан Наумовски